Како што посочуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки
Лажни се сите дојави за поставени бомби во 19 училишта во Скопје што биле испратени денеска попладне на нивните електронски адреси.
„Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат оттаму, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено било дека станува збор за лажни пријави.