Од реформската Влада на Бугарија за реномираниот весник „ Политко“ велат европската граница на Бугарија со Турција била управувана од страна на мафијата додека на власт во земјата биле претходните администрации.
Бугарската Влада со последни сили се обидува да го кренат алармот за тоа како мафијашка група презела контрола на една од клучните граници за влез во Европската Унија-Капитан Андреево. „Политико“ пишува дека границата, неколку години наназад е клучна точка за влез на дрога во Европската Унија, но и место каде увозниците често биле мета на изнуда. Сега, Владата во заминување обелодинува за тоа какви биле овие здруженија кои според нив дозволувале и влез на храна во ЕУ без претходни проверки, а истото се случувало додека на власт во земјата била претходната Влада.
Истрагата на бугарската Влада се фокусирала на организирана криминална група која функционирала како монопол во контролирањето на граничниот премин, преку контролирање на влез на храна во Европската Унија, која во нормални услови, би била вратена или уништена од регулаторни причини.
Заменик-министерот за агрокултура Христанов истакнал дека постојат докази дека храната која била превезувана не била цел на контрола на граничарите и голема е веројатноста истите да содржеле големи количини на пестициди.
Бугарската влада вели дека сега ситуацијата на границата е доведена во ред но бараат помош од странските Влади и организации за целосно справување со ситуацијата.
„Во последните 10 години, се на Капитан Андреево функционираше со конфликт на интереси, нешто што не беше од бенефит за здравјето на Бугарските и европските граѓани“,
Порачал Христо Даскалов, директорот на бугарската Агенција за заштита на храна.
Тој за „Политико“ додава дека одговорноста за пакување и пренос на пратките ја има приватна компанија која воедно била одговорна и за санитарната и ветеринарна контрола.
„ На овој начин, операторите имале помали проблеми со стоката за која тие биле одговорни и ги имале сите можности да ги сокријат податоците, бидејќи тие биле одговорни за проверка на квалитетот на сопствените добра“,
вели Даскалов.
Според пратеникот Бачински, во минатото иако многумина знаеле што точно се случува на граничниот премин, никој не сакал да преземе ништо.
“ Во минатото, сите знаеја но никој не сакаше да преземе ништо до пред седум месеци. До пред седум месеци, корупцијата беше возможна бидејќи високи политички структури го штитеја криминалот, но за прв пат во последните 30 години, Бугарија доби Влада која сака да се бори со корупцијата“,
вели Бачински за „Политико“.
„Политико“ пишува дека овој проблем бил игнориран со години од страна на Бугарија но и од Европската Унија, но започнувајќи од пролетта Владата на Петков започнала да презема контрола врз границата, а биле повикани и царински експерти од Унијата за да се уверат во сериозноста на ситуацијата. Кога Владата презела контрола, се утврдиле сомнежите за недостатокот на ригорозни контроли.
Главниот предизвик за бугарската Влада, според весникот е тоа што официјалните лица треба да преземаат дејствија во „заробена држава“, каде треба да се жалат до судските инстанци кои честопати не сакаат да отвораат случаји против висок степен на корупција, па затоа членовите на Владата на Петков велат дека сега се плашат од одмазда од страна на главите на организираниот криминал но и од обвинителите поради нивните обиди да го приоритизираат ова прашање.
Пратеникот Бачински вели дека ова не е проблем само на Бугарија а финансиската штета е штета и на Европската Унија
„ Ова не е само границата на Бугарија, ова е границата на Европската Унија, а штитењето на границата е од висок интерес за сите Европејци. Финансиската штета не е само на товар на Владиниот буџет, туку и на Европскиот па затоа Унијата мора да има посериозен пристап за решавање на овој проблем“,
вели Бачински за „ Политико“.