Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, од свое лично име и од името на СДСМ, упати телеграма со длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам, кој почина денеска на 64 годишна возраст.
„Со голема тага ја примив оваа жална вест. Изразувам искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам. Во овие моменти на тага сочувствуваме со Вас, за вашата загуба која знаеме дека не може да се надомести. Амди Бајрам беше долгогодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија, наш коалициски партнер со кој имавме принципиелна соработка, кој учествуваше и во важните процеси за напредок на земјава. Нека почива во мир!“,
се вели во телеграмата на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Телеграма со сочувство испрати и ВМРО-ДПМНЕ.
„Изразуваме длабоко сочувство до семејството и најблиските за ненадејната смрт на Амди Бајрам, долгогодишен пратеник во собранието на Република Македонија и претседател на партијата Сојузот на Ромите. Бајрам беше политичар кој се вгради во македонската општествено политичка сцена и во текот на неговиот неколку децениски политички ангажман ќе се памети по своите заложби и говорења за правата на Ромите. Нека почива во мир“,
се вели во телеграмата на ВМРО-ДПМНЕ.