Уште вчера стана јасно дека нема да има редовен кабинет, со оглед дека од ГЕРБ, која е најголемата политичка партија, истакнаа дека нема да поддржат формирање нова влада бидејќи актуелниот парламент е премногу расцепкан и евентуалното мнозинство би било нестабилно
Има таков народ (ИТН), партијата на Слави Трифонов, утре ќе му го врати мандатот за состав на нова влада на претседателот на Бугарија, Румен Радев. Ниту тие не успеаја да формираат мнозинство откако пред тоа имаше два обида. Доволен број гласови во парламентот не можеа да обезбедат ниту партијата на Борисов, а потоа ниту Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија, на Кирил Петков.
„По разговорите кои ги остваривме со пет политички субјекти – независните пратеници околу Николај Марков, независните пратеници од ДПС околу Џевдет Чакаров, Социјалистите, ПП-ДБ и ГЕРБ на Борисов, очигледно беше дека потполно ни се совпаѓаат приоритетите, задачите, целите и методите на нивно спроведување. Но, иако тоа беше факт, иако сите постојано говорат за одговорност и државништво и се свесни дека е подобро да има редовен кабинет, а не земјата да оди на нови предвремени избори, сепак – две од овие политички структури одбија да да дадат поддршка. Тоа се ГЕРБ и ПП-ДБ. ПП-ДБ се сокри зад нивните раководни органи и одби да даде јасен одговор. Зошто? Веројатно поради политичката кусогледост на еден партнер во нивната коалиција, која и понатаму се доживува како самодоволна. А ГЕРБ, и покрај мудроста и практичноста на експертите во оваа партија, не можеше да се спаси од зависностите на Бојко Борисов. Да потсетам дека единствената пратеничка група која сакаше итни избори беше групата на ДПС предводена од Дељан Пеевски. Па, Бојко Борисов му ја исполни желбата на Дељан Пеевски и ја испрати државата на нови предвремени избори. Сигурен сум дека за ова ќе преземе целосна политичка одговорност исто како што сум сигурен дека бугарскиот гласач е мудар и ќе ја направи вистинската работа на претстојните избори“,
напиша Слави Трифонов, лидерот на Има таков народ (ИТН), на својата фејсбук-страница.
Уште вчера стана јасно дека нема да има редовен кабинет, со оглед дека од ГЕРБ, која е најголемата политичка партија, истакнаа дека нема да поддржат формирање нова влада бидејќи актуелниот парламент е премногу расцепкан и евентуалното мнозинство би било нестабилно.
По завршувањето на изборите, првиот мандат ѝ беше доделен на коалицијата која освои најмногу гласови, предводена од Бојко Борисов. Тие го предложија составот на владата и кандидат за премиер, но при гласањето, номинираниот Росен Желјазков не ги доби потребните гласови. Вториот мандат имм беше доверен на Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија. Ти му го вратија на Радев откако не успееа да обезбедат доволен број гласови за формирање парламентарно мнозинство.
На Бугарија ѝ треба стабилна и функционална влада за да може го забрза финансирањето од ЕУ, да ја внесе земјата во еврозоната и целосно да се приклучи во Шенген-зоната.
Плановите за приклучување кон еврозоната досега веќе двапати беа одложени поради инфлацијата, а новиот датум за пристапување е 25 јануари 2025 година. Неуспехот да се формира влада и новите избори ќе го зголемат ризикот од дополнителни одложувања.
Последните избори се одржаа на 9 јуни. Новите кои се очекува да ги распише претседателот Румен Радев ќе бидат седми по ред во последните три години. Анализите на јавното мислење покажуваат дека и на нив не може да се очекува победа на некој од субјектите која би довела до формирање редовна влада, со што би се ставил крај на долгата политичка нестабилност.