Ќе се тестираат 2 000 ученици, а тестирањето ќе биде во училиштата со согласност од родителите, на деца по случаен избор, а целта е да се добие реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта
Од денеска започнува скринингот во основните училишта каде што е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19, одлучила денеска Комисијата за заразни болести.
„Тоа го вклучи алармот за иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците“,
рече вчера на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Oбезбедени се тимови, здравствени работници кои ќе го спроведат скринингот и кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се обезбеди нивна статистичка обработка и да се добие реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта.
Според информацијата објавена на пресот на почетокот на оваа недела, ќе се тестираат 2 000 ученици, а тестирањето ќе биде во училиштата со согласност од родителите, на деца по случаен избор. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, рече дека иако претходно било посочено дека тестирањето ќе биде во ЦЈЗ, бидејќи сметале дека вака е полесно и за децата и за родителите.
Скринингот во училиштата беше најавен уште пред почетокот на второто полугодие и тоа за првата недела по враќањето на децата во школите.
На почетокот на оваа недела, Комисијата соопшти дека со почетокот на второто полугодие има и зголемување на бројот на заразени деца на возраст од 6 до 14 години.