Српските граѓани ќе одговараат на 69 прашања, а пописното интервју се очекува да трае околу 30 минути
Во Србија од денеска почнува попосот на населението. 15.000 избрани попишувачи од врата на врата, со методот на интервју ќе ги собираат податоците од граѓаните.
Пописот се очекува да трае еден месец, а директорот на Републичкиот институт за статистика, Милан Ковачевиќ вели дека попишувачите поминале петдневна обука за да имаат позитивен однос кон граѓаните.
Српските граѓани ќе одговараат на 69 прашања, а пописното интервју се очекува да трае околу 30 минути.
„Пописот се спроведува со цел да се добијат прецизни податоци за етничките, економските, образовните, миграциските и други карактеристики на населението, кои се неопходни за да се добие веродостојна слика за моменталната состојба, за проекции на идните движења, а особено за реална проценка на последиците од иселувањето во странство во последните 11 години“,
рече Ковачевиќ.
Тој истакна дека е исклучително важно сите да учествуваат во пописот и заедно да придонесат за негова успешна реализација.
Следната година се очекува да почне втората по големина анкета, а тоа пописот во земјоделството.
Шефот за операции на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Мартин Клауке изјави дека српскиот институт извршил опсежна подготовка за пописот на населението, кој, како што вели, ќе се спроведе според највисоките меѓународни стандарди.