Во Собранието попладнево започна средбата на министерката за правда Рената Дескоска со претставниците на пратеничките групи.
На средбата присуствуваат претставници сите парламентарни партии. Пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Тимчо Муцунски и Тони Менкиновски се претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од независните пратеници претставници се Нола Исмајлоска-Старова и Владанка Авировиќ, независниот Панчо Минов, додека од владејачката коалиција, освен Дескоска, присутни се и заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, Бојан Маричиќ и пратеничката Соња Мираковска од НСДП. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Џевад Адеми.
Од невладиниот сектор во име н Блупринт групата присутна е Натали Петровска.
На средбата се присутни и претставници на ЕУ и од Амбасадата на САД, што беше услов од ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на средбата.
*Поврзани вести
Независните од ВМРО-ДПМНЕ бараат во Собрание, а не во штабови да се разгледува законот за ЈО
Дескоска попладнево на средба со сите пратенички групи за законот за ЈО