Починатиот маж на 66-годишна возраст од Битола, немал коронавирус, објавија од Министерството за здравство откако стигнале резултатите од тестирањето.
„Мажот на возраст од 66 години, кој на 30 март од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот. Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март“,
соопштија од Министерството.
Оттаму додаваат дека починатиот имал дијабет и хипертензија.
*Поврзана вест: Тестот за коронавирус на починатата родилка од Охрид е негативен