Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 222, бројката на оздравени пациенти е 138 779, на починати е 5 135, а бројот на активни случаи изнесува 10 308
Уште 26 лица починаа од ковид-19 во последното деноноќие, додека паралелно се намалуваат бројките на новозаразени, а растат бројките на излекувани пациенти.
Осум од починатите во последните 24 часа се од Скопје, каде што најмладиот пациент е на возраст од 36 години. Другите седуммина починати се на возраст од 56 до 84 години (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г).
Тројца починати се од Битола (41г,65г и 82г), а по два смртни случаи се од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г). По еден починат има во Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г).
Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент во домашни услови.
Во последните 24 часа се направени 2 357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на ковид-19 во:
Скопје – 58,
Куманово – 16,
Битола и Радовиш – по 9,
Виница – 8,
Кочани и Кичево – по 7,
Прилеп, Охрид и Штип – по 6,
Велес и Струмица – по 5,
Тетово, Гостивар и Ресен – по 4,
Кавадарци – 3,
Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 2,
Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 409 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 222, бројката на оздравени пациенти е 138 779, на починати е 5 135, а бројот на активни случаи изнесува 10 308.