Во периодот од 3 до 9 мај има 105 смртни случаи од 21 град, што е за 37,1% помалку во однос на минатата недела
За нешто повеќе од 37 отсто се намалени бројот на починати од компликации со ковид и на бројот на новозарзени, регистрира Институтот за јавно здравје во својот неделен извештај за периодот од 3 до 9 мај 2021.
Во овој период има 105 смртни случаи од 21 град, што е за 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.
Регистрирани се 1 304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, но најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).
Единствено зголемување има кај бројот на тестирани и на оздравени.
Така, според ИЈЗ во оваа недела тестирани се вкупно 15 781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела.
Оздравени се 4 502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 3 до 9 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со ковид-19 е објавен на веб-страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.