Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1 000 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 400 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51, а во Куманово 58 пациенти, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид-центарот во Гостивар 14, а во Струга 15, во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14 во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица.