Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееја повлечен живот по смртта на својот син и не се појавуваа во јавноста
Почина Никола Проески, татко на нашиот познат пејач Тоше Проески, a веста за неговото заминување денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко.
„Светол патот, татко мој“,
напиша таа кратко.
Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееја повлечен живот по смртта на својот син и не се појавуваа во јавноста.
Семејството Проески сѐ уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.