Бадаламенти во долгата и разновидна кариера соработуваше и со легенди како Нина Симон, Дејвид Боуви, Пол Макартни, Лајза Минели, „Пет шоп бојс“, а ја напиша и свечената музика за Олимпијадата во 1992 во Барселона
На 85-годишна возраст почина славниот композитор Анџело Бадаламенти, кој ја напиша музиката за култните филмови на Дејвид Линч, како „Сино кадифе“, „Твин пикс“ и „Малхоланд драјв“. Неговото семејство соопшти дека починал од природна смрт во неделата, во неговиот дом во Њу Џерси, објави „Њујорк тајмс“.
Линч и Бадаламенти станаа добри пријатели и соработници, соработувајќи и на наслови како „Диви во срцето“, а Бадаламенти се појави и во сцена во „Малхоланд драјв“, а свири на пијано покрај Изабела Роселини во сцена во „Сино кадифе”.
Бадаламенти во долгата и разновидна кариера соработуваше и со легенди како Нина Симон, Дејвид Боуви, Пол Макартни, Лајза Минели, „Пет шоп бојс“, а ја напиша и свечената музика за Олимпијадата во 1992 во Барселона.
За музиката на „Твин пикс“, која ја напишал без да види ниту еден кадар, се инспирирал само од разговорите со Линч, Бадаламенти доби награди „Греми“ и три номинации за „Еми.
Често ги посетувал Линч и актерите за време на снимањето и им свирел, за „актерите да можат да ја почувствуваат атмосферата“.