Работник во фабрика во Кочани, вчера околу пладне починал на работното место, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 13:02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12:30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство“,
се вели во полицискиот билтен.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.