Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објавија неговите сопартијци од СДСМ
На 53-годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на општина Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објавија неговите сопартијци од СДСМ.
„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка и наш соборец и сопартиец. Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа. Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците. Нека почива во мир“,
напиша лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Со длабока тага и неверување ја примив веста за смртта на нашиот другар и сопартиец Борјанчо Мицевски.
напиша поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски.
Како градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо, остави неизбришлив траг во развојот на Крива Паланка, посветувајќи се на унапредување и развивањето на Крива Паланка во вистински европски град. Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до неговото семејство и сите блиски. Нека почива во мир“,
