Димитровски беше новинар со над 30-годишно искуство, кој работеше во неколку дневни весници и информативни портали

По кратко боледување денеска почина новинарот Предраг Димитровски (1959-2023), информираа од „Пресинг ТВ“ каде што последно работеше.
Димитровски беше новинар со над 30-годишно искуство. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005-2006 година, а потоа работеше и во „Дневник“. Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“. Димитровски беше и член на државната Комисија за лустрација и одговорен за односи со јавност.
„Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во неговата реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја“,
се вели во објавата на „Пресинг ТВ“.