Митрополитот црногорско приморски Амфилохије утрово почина во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, соопшти Митрополијата.
Тој починал утрово, а дополнително ќе бидат соопштени причините за смртта и деталите за погребот.
На Амфилохије на 6 октомври му беше потврден новиот коронавиурс, но по две недели беше соопштено дека тој е во стабилна состојба, а од вчера тоа нагло се промени.
Според д-р Јелена Боровиниќ Бојовиќ, раководител на Одделот за пулмологија при Клиничкиот центар, до влошување на здравствената состојба кај Амфихолије дошло како последица на коронавирусот бидејќи му биле оштетени белите дробови.
Митрополитот Амфилохије имаше 82 години.