Ивана Трамп беше првата сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп
Ивана Трамп, поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почина на 73-годишна возраст од срцев удар, соопшти нејзиното семејството за Еј-Би-Си њуз.

„Нашата мајка беше неверојатна жена – сила во бизнисот, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријателка. Ивана Трамп беше борец. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Ги научи своите деца на многу работи. Таа ќе им недостига на нејзината мајка, нејзините три деца и десетте внуци“,
се вели во соопштението на семејството Трамп.
Во изјавата за својата платформа „Трут Сошал“, Доналд Трамп вели дека ја памети Ивана како „прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот“.
„Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Таа беше толку горда на нив, како што сите ние бевме толку горди на неа“,
напиша тој.
Ивана Трамп беше првата сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.