Денеска по кратко боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и сопственик на националното радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис (ММС).
Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ). Поради неговото познавање на оваа област и професионалност беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.
Неговата работа започна како пионер во медиумски простор по осамостојувањето на Македонија. Радио Канал 77, кое годинава ја одбележува 30 годишнината од постоењето, започна со работа на 4 октомври 1991 година, како прв приватен комерцијален радиодифузер. Првично беше локално, а потоа стана и национално радио и ја покрива цела територија на земјава.