Според пријавеното, родителите претходно повикале екипа од Итната медицинска помош во Струга, која во семејниот дом извршила реанимација, по што бебето го пренеле во болница, каде што била констатирана смрт
Четиримесечно бебе без знаци на живот вчеравечер било донесено во Општата болница во Струга без знаци на живот, информира СВР Охрид. Оттаму велат дека по наредба на јавен обвинител на телото на бебето ќе биде извршена обдукција, што треба да покаже која е причината за неговата смрт.
„Вчера во 22:43 часот било пријавено дека четиримесечно машко бебе без знаци на живот е однесено на Детското одделение во Општата болница во Струга“,
изјави Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.
Според пријавеното, како што информира тој, родителите претходно повикале екипа од Итната медицинска помош во Струга, која во семејниот дом извршила реанимација, по што бебето го пренеле во болница, каде што била констатирана смрт.