Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-тите години, филмска икона на 20. век, познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“
На 88-годишна возраст почина Ален Делон, легендата на францускиот филм.
Агенцијата Франс прес (АФП), според објавата на семејството на актерот, пренесе дека Делон починал во својот дом во Души, околу 150 километри јужно од Париз.
„Почина мирно во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството. Ален Фабиен, Анушка, Ентони и неговото куче Лубо со длабока така објавуваат дека нивниот татко починал“,
соопшти семејството на францускиот актер.
АФП потсетува дека актерот беше во лоша здравствена состојба во последните години и дека од 1990-тите години неговите филмски појавувања станаа сè поретки.
Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-тите години, филмска икона на 20. век, познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“.
Севкупно, Делон се појави во повеќе од 90 филмови во текот на својата кариера.