Покрај бројните награди, Тодоровски беше одликуван и со Орден за заслуги

По подолго боледување, на 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист – Гоце Тодоровски, објави неговото семејство.
Тодоровски е роден 1951 година во Кичево.
По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар.
Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“, „Викенд на мртовци“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“….
Tодоровски е добитник на бројни награди. Mинатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста.

Во 2023, тогашниот претседател Стево Пендаровски го одликуваше актерот со Орден за заслуги. Како што беше соопштено тогаш, Тодоровски се одликува со Орденот за заслуги за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност.

