Компанијата Синофарм соопшти дека никој од досега вакцинираните еден милион луѓе не пројавил никакви негативни ефекти
Речиси еден милион луѓе досега ја примиле експерименталната вакцина што ја развива кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ во рамки на итната програма одобрена од кинеската Влада. Досега не се регистрирани никакви негативни ефекти меѓу примателите на вакцината, соопшти раководството на компанијата.
Директорот на „Синофарм“, Лиу Џинџен потврди дека се вакцинирани речиси милион луѓе – градежни работници, дипломати и студенти и дека никој нема посериозна негативна реакција на вакцината, објави Си-ен-ен.
Тој рече дека само на 6 ноември вакцината ја примиле дури 56.000 луѓе, кои потоа патувале во странство.
Лиу исто така потврди дека „Синофарм“ спроведе клинички испитувања во трета фаза со вклучени речиси 60.000 луѓе од 10 земји, меѓу кои ОАЕ, Бахреин, Египет, Јордан, Перу и Аргентина.
Пред два дена Астра Зенека и Оксфорд соопштија дека нивната вакцина покажала силен имунолошки одговор кај лицата на возраст од над 60 години, кои се изложени и на најголем ризик од вирусот, врз основа на резултати добиени во втората фаза од истражувањете со која биле опфатени 560 здрави возрасни доброволци.
И произведувачите и на други три вакцини –Фајзер – Бионтех, Спутник и Модерна веќе објавија добри прелиминарни податоци од испитувањата во третата фаза при што една сугерира дури 94% ефикасност кај лица над 65 години.
Компанијата „Модерна“ објави дека развила вакцина против ковид со ефикасност од 94,5 отсто