Тоа, како што посочуваат од Комисијата за заразни болести, подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица
Поради зголемениот број на позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции.
Тоа подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.
И натаму важи препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа, а тестирање треба да се прави исклучиво доколку пациентот има симптоми карактеристични за коронавирусот.
„Пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти“,
наведуваат од Комисијата за заразни болести.
Од Комисијата додаваат дека внимателно ја следат состојбата и потсетуваат дека најефикасен начин за заштита од тежок облик на коронавирусот е вакцинација.