Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска нагласи дека Скопје од аспект на земјотреси е безбеден град.
„Она што е добро наследство, што го имаме наследено, е дека поради катастрофалниот земјотрес во 1963 година сериозно се дигнати стандардите на безбедност. Она што го знам е дека сите проекти и сите згради што се градат, едноставно во постапката за добивање градежна дозвола, мора да поминат преку Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) да добијат и сеизмолошка согласност. Така што мислам дека од тој аспект Скопје е безбеден град“,
вели Шилегов.
Меѓутоа, додава тој, природата е чудо и не можеме да бидеме генерално сигурни дека е тоа така.
„Тоа што јас инсистирам е да остане во делот од постапката мислењето од сеизмолошкиот завод со цел објектите што се градат во градот да бидат колку-толку сеизмолошки безбедни“,
посочи Шилегов.
Одговорите на градоначалникот на новинарските прашања во врска со земјотресите доаѓаат по вчерашната низа од земјотреси во Гостиварскиот Регион кои силно го затресоа и Скопје.
*Поврзани вести: