Рочиштето се одложи поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Артан Етеми. Поради тоа, судијата Јордан Велковски го презакажа за 29 мај
Денеска по вторпат се одложи судското рочиште на кое требаше да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите во врска со пожарот во тетовската модуларна болница, кој се случи на 8 септември 2021 година и во кој животите ги загубија 14 луѓе.
Рочиштето се одложи поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Артан Етеми. Поради тоа, судијата Јордан Велковски го презакажа за 29 мај.

Ова е второ одложување на рочиштето на кое треба да се изнесат завршните зборови. Претходното, кое беше закажано за 25 април, се одложи поради отсуство на еден од обвинетите – поранешниот директор на болницата Флорим Бесими.
Доказната постапка во судскиот процес заврши со сослушувањето на последните сведоци на 6 април.
Пред Судот во Тетово и денеска, како и на секое претходно рочиште, група граѓани се собраа на мирен протест за да искажат поддршка за еден од обвинетите, докторот Бобан Вучевски.
„Треба да одговара тој што ја градел болница, а не доктор што ги лечел луѓето, кој спасувал животи. Наместо да биде во болница, го малтретираат тука“,
истакнаа граѓаните,, јави МИА.
Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 г., кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември лани откако од септември 2022 година дотогаш судскиот процес беше неколкупати одложуван.
Обвинетите, поранешните директори на болницата Флорим Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничката болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.
Судењето започна во декември 2022 година.