Еден од првите чекори на казахстанскиот претседател Токаев по преземањето на функцијата во 2019 година, откако претседателот Нурсултан Назарбаев ја напушти функцијата, беше да го смени името на главниот град на Казахстан, од Астана во Нур-Султан во чест на неговиот претходник Нур-Султан Назарбаев
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев се согласи да го врати поранешното име на главниот град на земјата, Астана, само три години откако го преименува во чест на неговиот претходник, изјави неговиот портпарол.
Портпаролот на Токаев, Руслан Желибан, изјави дека претседателот се согласил за промена на името по иницијатива на група пратеници, пренесува АП.
Еден од првите чекори на Токаев по преземањето на функцијата во 2019 година, откако претседателот Нурсултан Назарбаев ја напушти функцијата, беше да го смени името на главниот град на Казахстан, од Астана во Нур-Султан.
Назарбаев, кој ја водеше земјата три децении под Советскиот Сојуз и по стекнувањето независност во 1991 година, го пресели главниот град од Алмати во Астана во 1997 година. Овој потег беше нашироко критикуван поради релативната изолација на градот во северните степи и познатите студени зими во кои температурите паѓаат до -51 Целзиусов степени.
Тој го претвори градот во изложба на блескава архитектура, вклучително и кула за набљудување каде посетителите можат да ги стават рацете во отпечатокот на Назарбаев.
По повлекувањето, Назарбаев задржа огромно влијание како шеф на владејачката партија и окружниот совет за безбедност. Токаев го смени од тие функции по трагичните немири во јануари, кои делумно беа поттикнати од незадоволството од моќта што се уште ја има Назарбаев.