Сепак, на меѓународните посетители ќе им треба негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето
Иако се бори со пораст на заболени од ковид, Кина денеска по речиси три години повторно ги отвори своите граници за патниците кои влегуваат во земјата, за првпат откако воведе ограничувања за патувањата во март 2020 година. Сепак, на меѓународните посетители ќе им треба негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето.
Во изминатите три години, Кина имаше една од најстрогите здравствени политики во светот, што резултираше со бројни ограничувања, чести барања за тестирање, а самата политика за нулта-ковид имаше значително влијание врз економијата на земјата.
Отворањето на границата доаѓа по почетокот на Лунарната Нова година, при што се очекува оваа сезона да патуваат околу две милијарди луѓе, што е речиси двојно повеќе од минатата година.