Претходно, американската амбасадорка испрати писмо во кое ја изрази својата и загриженоста на САД за состојбите во правосудството, а конкретно укинувањето пресуди na Апелацискиот суд и враќањето случаи на повторно судење

По последните случувања во Судскиот совет околу разрешувањето на претседателката Весна Дамева, од Амбасадата на САД во Северна Македонија порачуваат дека, без разлика кој е во раководството, очекува независно и одговорно судство.
„Амбасадата на САД се надева дека ќе има независно и одговорно судство, без разлика кои се неговите раководители. Ова е од суштинско значење за градење доверба во институциите на судството во Северна Македонија“,
велат од Амбасадата на САД за Алсат ТВ.
Тензиите во Судскиот совет ескалираа пред два дена со разрешување на претседателката Весна Дамева од група членови предводени од заменик-претседателот Селим Адеми. Во средата на седница, кога на дневен ред беа претставки од граѓани, но и формирање комисии за поднесени барања за утврдување на одговорност на судии, настана расправија за меѓучовечките односи во самиот Совет.
Иницијална каписла за да почнат караници на јавната седница беше писмото на американската амбасадорка Анџела Агелер за што дел од членовите ја обвинија Дамева дека го криела, додека таа одговараше дека била од одмор. Во писмото, Агелер ја изрази својата и загриженоста на САД за состојбите во правосудството, а конкретно укинувањето на пресуди од Апелацискиот суд и враќањето на случаите на повторно судење.
Меѓутоа, јавноста излегоа и неофицијални информации дека заднина на конфликтот била и иницијатива за утврдување одговорност на апелацискиот судија Енвер Беџети за кого беше констатирано дека девет месеци го чувал предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, а беше дел и од други висопрофилирани случаи. Иницијативата, како што прв објави порталот СДК.мк, била блокирана од членови предводени од заменик-претседателот Селим Адеми и членот Миљазим Мустафа, кои барале место иницијативата да оди веднаш на седница и веднаш да се формира тричлена комисија, како за другите судии за кои досега се барало одговорност, таа времено да се стопира. Од друга страна, пак, истиот судија беше кандидат за врховен судија за што наводно имало притисоци да биде изберан.
По контроверзното разрешување на Дамева, нов претседател не се избра на вчерашната итна седница. Почетокот на седницата првично се пролонгираше за два часа, а откако почна траеше само 10-тина минути и Адеми ја одложи со објаснување дека отсутен е еден од 13 члена со право на глас, па можело е кога се избира претседател да бидат присутни сите. Иако тоа беше формалното објаснување, она што неофицијално се зборуваше е дека нема мнозинство за избор на нов претседател за што се потребни осум гласа „за“.
Поврзани вести:
- Караници во Судскиот совет по писмото на амбасадорката Агелер
- Седум члена ја разрешија Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет – таа обвини за анархија и за исполнување желби на лица од политиката
- И денеска тензично во Судскиот совет, седницата поместена за два часа
- Судскиот совет не гласаше за нов претседател, заменик-претседателот не коментира дали законски ја разрешиле Дамева
Реакции по разрешување на Дамева:
- Коалицијата „Сите за правично судење“ смета дека Дамева е разрешена спротивно на Законот за Судскиот совет
- Пендаровски: Сцените во Судскиот совет не му доликуваат на тело со толку одговорна улога
- Ковачевски ги повика членовите на Судскиот совет да пријават ако некој им се мешал во работата
- Министерството за правда бара увид во Записникот од вчерашната седница на која беше разрешена Дамева
- ДКСК изрази сериозна загриженост за случувањата во Судскиот совет – очекува реакција од релевантните државни субјекти
- Претседателката на Врховен: Да се реши состојбата во Судскиот совет
- И пратениците реагираат за случувањата во Судскиот совет: За некои е скандалозно, за други реприза на „27 април“
- Мицкоски за случувањата во Судскиот совет: Вандализам и вагабонство на отворена сцена
- Гир: Последните случувања во правосудството не се во насока на она што ЕУ го очекува од С Македонија