Сепак, продолжуваат евакуациите на Филипините, но нема првични извештаи за значителни штети од брановите или жртви и покрај континуираните последователни потреси
Земјотрес со јачина од најмалку 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Минданао на југот на Филипините, предизвикувајќи предупредувања за цунами во земјата и во Јапонија, иако американската агенција соопшти дека ризикот од големи бранови поминал.

Според „Гардијан“, Американскиот центар за предупредување од цунами, кој првично предупредувал дека ќе има бранови до три метри над нормалното високо ниво на плима, подоцна соопшти дека веќе нема закана од цунами.
Сепак, продолжуваат евакуациите на Филипините, но нема првични извештаи за значителни штети од брановите или жртви и покрај континуираните последователни потреси.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија „Фиволкс“ тврди дека постои опасност од цунами и алармираше луѓето што живеат во близина на брегот на ориенталните провинции Суригао дел Сур и Давао веднаш да се евакуираат или да се преселат понатаму во внатрешноста на земјата.
На фотографиите објавени од локалната администрација на Хинатуан на социјалните мрежи се гледа како десетици жители и редици возила се движат кон повисоките места.
Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на „Огнениот прстен“, појас од вулкани што кружат околу Тихиот Океан и се склони кон сеизмичка активност.