Според медиумските извештаи на вчерашните протести во Русија се приведени над 3 000 лица, од кои повеќе од 1 000 во Москва
По вчерашните протести во повеќе градови во Русија за поддршка на опозиционерот Алексеј Навални, на кои имаше и над 3 000 приведени демонстранти, САД и ЕУ излегоа со осуда за употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите.
САД бараат ослободување на притворените демонстранти, но и на Навални.
„Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи“,
велат од Стејт департментот.
Оттаму потсетуваат дека правата на руските граѓани на мирен собир и учеството на слободни и чесни избори е содржано не само во Уставот на земјата, туку и во руските обврски кон ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и нејзините меѓународни обврски кон Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
Реакција имаше и од високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел кој изрази жалење поради „масовните апсења и употребата на прекумерна сила“. Тој наведе дека е загрижен и пораки прекинувањето на интернет и телефонските врски за време на протестите.
„Во понеделник ќе разговараме со министрите за надворешни работи на ЕУ за идните чекори“,
напиша Борел на Твитер.
Following unfolding events in #Russia with concern. I deplore widespread detentions, disproportionate use of force, cutting down internet and phone connections.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) January 23, 2021
We will discuss on Monday next steps with EU Foreign Ministers #FAC
ЕУ и претходно побара Навални веднаш да биде ослободен. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат и воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки.
Според медиумските извештаи на вчерашните протести во Русија се приведени над 3 000 лица, од кои повеќе од 1 000 во Москва.
На овие протести повика Навални, кој на 17 јануари беше уапсен на аеродромот Шереметјево веднаш по пристигнувањето од Германија, каде беше пренесен на лекување по обидот за труење. Руските власти го обвинија дека ја прекршил условната казна бидејќи откако беше отруен замина на лекување во Германија.
*Поврзани вести:
- (ВИДЕО) Приведени повеќемина приврзаници на Навални на московскиот аеродром Внуково
- Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва
- ЕУ бара итно ослободување на Навални – руските власти одговорија: Ќе одлучи судот
- И САД го осудија апсењето на Навални: Бараат безусловно ослободување
- Русија не реагира на меѓународните повици за Навални: Ова е внатрешно прашање