Едвај 3,64 отсто од гласачите утрото побрзале да гласаат до 9 часот. Од обработени 95,09% од гласачите, податоците на ДИК покажуваат дека на избирачките места до 9 часот гласале околу 64 илјади граѓани.

На претходните локални избори кои се одржаа во 2017 година, првиот пресек за излезност беше направен во 10 часот, кога излезноста беше 8,98 отсто.

Денеска Државната изборна комисија излезноста ја сумира до 9 часот.