„Би им порачал на трговците, но и на производителите дека кошничката има 1 100 производите, а имаат време до крајот на неделата, доколку има неправилности, да ги исправат, да ја намалат цената на прехранбените производи, пред сè, за граѓаните“, кажа заменик-министерот за економија
Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година, со што се очекува да се регулираат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците, вели денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески посочувајќи дека досега во мониторинг-периодот се утврдени 26 нефер трговски практики.

Посочи дека на подолг рок со овој закон ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните.
„Оној хаос постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос и на маркетите“,
рече тој.
Посочи дека по Нова година казните ќе стапат во сила, а се движат околу 20 илјади евра.
На прашањето да даде коментар за зголемените цени на производите во маркетите и во новата кошничка, Ристески рече дека трговците, производителите, маркетите, бизнис заедницата ветиле пред целата јавност дека ќе ја поддржат акцијата, која произлегува од нив, со што ќе има намалување на најмалку 10 отсто на основните прехрамбени производи во новогодишната кошничка.
„Би им порачал на трговците, но и на производителите дека кошничката има 1 100 производите, а имаат време до крајот на неделата, доколку има неправилности да ги исправат, да ја намалат цената на прехранбените производи, прес сè, за граѓаните“,
кажа тој.
Според него, има општествено одговорни фирми, кои дале ветување пред народот, посебно за одредени производи, како што се маслото за јадење, шеќерот, млечните производи, месните производи, како што е јунешкото, свинското месо и јајцата.
Додаде дека доколку не го сторат тоа, Владата наредниот период ќе донесе уште подрастични мерки.