Во Скопје, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наутро ќе има појава на магла или мала облачност, а во текот на денот ќе биде сончево
По свежото утро, проследено со магла во одредени делови од земјава, денеска нè очекува сончев ден со температури до 28 степени. Во утринските часови ќе има појава на магла долж Повардарието, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло со умерен до засилен јужен ветер.
Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 22 до 28 степени.
Во Скопје, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наутро ќе има појава на магла или мала облачност, а во текот на денот ќе биде сончево.
Температурите во главниот град ќе се движат во интервал од 10 до 25 Целзиусови степени.
Слично време УХМР најавува и за утрешниот ден.