Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на воздухопловната единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот

Густата магла не го спречи армискиот Дедо Мраз и оваа година да пристигне со армиски транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан, соопшти Армијата на Република Северна Македонија.

По краткиот прелет со воениот хеликоптер, Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња, а децата придружувани од најблиските имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност, како и да разгледаат дел од хеликоптерите.

Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.
