Ковачевски, вели дека практиката на 31 декември да седне со другарите од детство во некое кафуле ја има секоја година

Премиерот Димитар Ковачевски на 31 декември ќе биде во некое од скопските кафулиња, а потоа вечерта ќе ја заврши со семејството.
Ковачевски, вели дека практиката на 31 декември да седне со другарите од детство во некое кафуле ја има секоја година.
„Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пријачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството“,
изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала „Партизан“ во скопски Карпош.