Единствено Заев најави дека Владата може да побара продолжување на вонредната состојба за само три дена, за изборите да може да се одржат на 8 јули
Ако до полноќ, нема договор меѓу Заев и Мицкоски, тогаш изборите треба да се одржат на 5 јули, согласно Уредбата на Владата за изборниот процес
На полноќ завршува вонредната состојба во земјава, односно истекува четвртатат одлука за оваа цел на претседателот Стево Пендаровски.
Пендаровски вчера изјави дека нема да носи нова одлука, а се очекува дека и владата денска нема да побара продолжување на вонредната состојба.
Единствено, лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека Владата може да побара продолжување на вонредната состојба за само три дена, за изборите да може да се одржат на 8, наместо на 5 јули, доколку биде постигнат договор за тоа со опозицијата. Но вчерашната средба на Заев со Христојан Мицкоски во претседателската вила заврши без договор за изборниот датум.
Ако до полноќ, нема договор меѓу Заев и Мицкоски, тогаш изборите треба да се одржат на 5 јули, согласно Уредбата на Владата за изборниот процес.
Поради кризата со коронавирусот, но и поради тоа што земјата се најде во ситуација кога парламентот е распуштен, а Владата техниучка, во март годинава во државава првпат од независноста беше прогласена вонредна состојба.
Досега, Пендаровски донесе четрири одлуки за утврдување вонредна состојба на целата територија на државата – две во треање од максималните 30 дена, а следните две по 14 дена. Одлуките не се потврдени од овој состав на парламентот.
Со вонредната состојба ѝ беше дадена можност на техничката Влада да носи уредби со законска сила, за санирање на последиците од здравствената и економската криза, со оглед на тоа што парламентот не можеше да ја кизвршува законодавната функција.
По завршувањето на вонредната состојба, Владата веќе нема да може да носи уредби, туку само одлуки, доколку има потреба од олабавување или засилување на мерките и рестрикциите за заштита од коронавирусот.