Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски соопшти дека по повеќенеделно лекување од коронавирус, конечно ја победил болест и ја напуштил Инфективната клиника.
„После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од ковид19 повторно дома. Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато. Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент.
напиша на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски.
Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје,
Тој беше на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица и ќе биде пратеник и во новиот состав на парламентот.
Поради лекувањето, не учествуваше активно во изборната кампања.