Спасовски како причина за отворање на овој пункт ја наведе бројноста на населението во Скопје, како и тоа што голем број од закажаните термини граѓаните ги откажуваат. Информирајќи за работата на новиот пункт, кој треба да го олесни и забрза вадењето на новите лични документи, Спасовски рече дека системот е тестиран и овозможува околу 1 000 лица дневно да ја поминат целата процедура. Работното време на пунктот, како што информираше министерот, ќе биде од 8 до 18 часот, со можност да се продолжи до 20 часот
Од денеска и официјално почна со работа пунктот во полициската станица Пролет во Општина Центар, каде што жителите на Скопје ќе можат без претходно закажување да се фотографираат и да остават биометриски податоци за замена на личните документи со новото уставно име Република Северна Македонија, согласно измените на Уставот по Преспанскиот договор.
По тој повод пунктот, кој е сместен во спортската сала на сообраќајната полиција во ПС Пролет, го посети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со раководството на МВР, кој рече дека се инсталирани десет нови работни станици каде што граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи.
„Од денеска и официјално почнуваме со процесот на фотографирање за лични документи и земање биометриски податоци на граѓаните од Скопје без притоа претходно да се закажува како редовна постапка со цел во определениот законски рок да можат до февруари 2024 година граѓаните да ја направат промената на личните документи што претставува задолжителна обврска по промената на Уставот. За тоа цел периодов инсталиравме десет нови работни станици каде што ќе можат граѓаните да извршат фотографирање за документите“,
рече Спасовски по посетата на пунктот.
Информирајќи за работата на новиот пункт, кој треба да го олесни и забрза вадењето на новите лични документи, Спасовски рече дека системот е тестиран и овозможува околу 1 000 лица дневно да ја поминат целата процедура.
Работното време на пунктот, како што информираше министерот, ќе биде од 8 до 18 часот, со можност да се продолжи до 20 часот.
Спасовски како причина за отворање на овој пункт ја наведе бројноста населението во Скопје, како и тоа што голем број од закажаните термини граѓаните ги откажуваат.
„Околу 70 проценти од закажаните термини коишто ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број или по електронски пат ги откажуваат, односно не се појавуваат на тие термини, а притоа се презакажуваат со нови термини и на тој начин практично се одлага процесот. Затоа како раководство на Министерството за внатрешни работи одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за почнување на процедурата без закажување на редовната постапка туку со лично појавување во салата по принципот – прв дојден прв услужен. Уште еднаш сакам да упатам порака до граѓаните да ја остварат својата обврска со овој забрзана систем на промена на личните документи притоа да се почитува редот и дисциплината во објектот и секако да замолам за трпение и за разбирање заради тоа што секој еден ќе може да го оствари своето право“,
рече министерот за внатрешни работи.
Според податоците што тој денеска ги споедели со медиумите, до овој момент на ниво на државата заменети се околу еден милион и педесет илјади пасоши, околу 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи.
„За поздравување е тоа што граѓаните од внатрешноста на државата дури над 80 проценти ги имаат направено промените на личните документи“,
посочи Спасовски.
Прашан што ќе се случи со пунктот откако ќе заврши обврската за замена на личните документи, министерот за внатрешни рече дека тој најверојатно ќе престане со работа.
„Ова е пункт кој е времен и чија е функција е да овозможи побрз проток во овој момент, за тоа се инсталирани нови 10 станици. Кога ќе заврши целиот процес, тогаш ќе се направат проценките и најверојатно пунктот нема да остане трајно бидејќи имаме неколку пунктови во Скопје – едниот во Македонската радио-телевизија, имаме во станицата ‘Беко’, во Кисела Вода, имаме во Ѓорче Петров“,
рече Спасовски.
Во однос на трошоците за вадење нови лични документи и за тоа дали се размислувало за некакви олеснувања на тој план, министерот за внатрешни работи со одговор:
„Издадените лични документи сепак се сопственост и на лицето коешто ги користи, така што во тој правец ние не можеме да носиме одлука со којашто на друг начин би се покривале трошоците. За тоа што можевме на пример со регистарските таблички тоа го направивме“,
На прашањето дали граѓаните кои имаат закажани термини на 30 ноември, кога поради Министерскиот самит на ОБСЕ се очекува целиот град да биде блокиран, Спасовски не очекува пречки за работата на пунктовите за вадење на лични документи.
„Ние го разгледуваме ова прашање. Секако дека врз основа на проценките јас секако очекувам дека нема да има никаква пречка да можат да си продолжат сите овие пунктови за работа со личните документи“, изјави тој.
За граѓаните кои живеат во Скопје, а доаѓаат од другите помали градови во внатрешноста, Спасовски одговарајќи на новинарско прашање, појасни дека за да можат и тие да извадат документи во Скопје првин ќе треба да го пријават временото живеалиште.
„Луѓето кои живеат во Скопје, а имаат адреса на живеење некаде на друго место, прво по закон треба да го пријават временото живеалиште и да извадат документи од Скопје и на тој начин ќе можат да ги вадат документите во Скопје. Секој оној кој тоа не го направил ќе мора да извади во местото во коешто живее. Инаку, напоменувам дека тоа е спротивно на закон да имате лична карта, а да не го пријавите живеалиштето таму каде што живеете во моментот“,
посочи министерот.
Во однос на издавањето на документите, тој рече дека нема застој во процесот на производство и дека сите во законски рок ги добиваат документите, како оние што аплицирале за брзаа постапка, така и оние во редовна.
На прашањето дали тој лично ги обновил личните документи, министерот за внатрешни рече дека само уште личната карта му останала за замена со нова.