Тој веднаш по гласањето за Нова даде интервју во кое говореше за лидерите на партиите кои гласаа против неговата влада: За Трифонов би кажал дека е историја, никогаш повеќе нема да има можност да направи политички проект и да лаже толку луѓе. Следуваат избори и народот пак ќе гласа. И за Слави ќе кажам довидување. За Борисов рече дека гревовите што ги имат, кражбите што ги направил, ќе го стигнат. Не можете да продолжите да ја играте оваа игра долго време. Ако денес се чувствувате поудобно, тоа е привремено го сожалувам. За Доган и Пеевски таму сте 30 години. Овој пат има огромна сила – ПП, ДБ – не се подготвени да се договорат со вас. Ако нашите три партии имаат 121 пратеник вие нема да сте фактор
Тоа беше најлогичното нешто да се направи денес. Задкулисните игри ги покажаа сите нијанси и нивната застапеност во Народното собрание. За жал, немаше ниту еден човек кој гласаше против нас, кој може сам да одлучи врз основа на сопственото верување во она што е правилно, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската ТВ Нова веднаш откако беше изгласана недоверба на неговата влада.
„Се слушна како велат од различни пратенички групи: ‘Сега притиснете да, сега притиснете не’. Го слушнав во салата. Борисов им наредил цела ГЕРБ. Тој денеска рече ‘Ви давам 59 луѓе’. Како да се овци. Не ги прашал што мислат. Сите овие 59 се зависни од еден човек кој не е во парламентот. На ИТН – човекот кој излегува од темна соба, со гола глава и зборува како икона на злото. Дељан Пеевски, кој се појави само да притисне ‘не’. Мислам дека човекот од позадина е Ахмед Доган. Таму имаа и јасна наредба. Ниту еден од овие луѓе не е слободен да носи свои одлуки“,
додаде тој.
На прашање да каже како ги гледа овие политичари Петков вели:
„За Трифонов би кажал дека е историја, никогаш повеќе нема да има можност да направи политички проект и да лаже толку луѓе. Следуваат избори и народот пак ќе гласа. И за Слави ќе кажам довидување. За Борисов рече дека гревовите што ги имат, кражбите што ги направил, ќе го стигнат. Не можете да продолжите да ја играте оваа игра долго време. Ако денес се чувствувате поудобно, тоа е привремено го сожалувам. За Доган и Пеевски таму сте 30 години. Овој пат има огромна сила – ПП, ДБ – не се подготвени да се договорат со вас. Ако нашите три партии имаат 121 пратеник вие нема да сте фактор“,
рече Петков.
На крајот, на прашање да го кометнира однесувањето на претседателот Румен Радев, Петков кажа:
„Многу ми се допадна Радев минатата година, бидејќи ми се чинеше дека сака да ја врати Бугарија од зад сцената. Но, во последните недели не го разбирам тоа,
рече Петков во интервју за Нова.
Петков призна дека се направени многу грешки.
„Една од нив беше тоа што работевме од утро до вечер и не ги соопштувавме сите работи што сме ги направиле. Од друга страна, имаше постојана реторика која даваше чувство кај бугарскиот народ дека не ни оди добро. Ние во ниту една одлука не отстапивме од принципите и ветувањата што ги дадовме“,
рече тој за Нова.
Петков рече дека неговата влада е само претставник на бугарскиот народ и на неговата волјата и дека со денешното гласање паднале маските.
„Верувам дека нема граѓани кои сакаат да ги претставуваат Борисов, Митрофанова, Трифонов“,
рече Петков и рече дека со никој од нив нема да коалицира.