Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред, вели бугарскиот премиер
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изразува поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, но додава дека е потребно прво да се решат одредени прашања, како што е почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија со гаранции во Уставот, јави МИА од Атина.
„Ние сме за европската перспектива на Северна Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред“,
рече бугарскиот премиер.