Бугарски „Дневник.бг“, пишува дека според непотврдени информации, пред извесно време било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое би водело кон укинување на ветото
Премиерите на Бугарија и Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски, ќе имаат одржат за време на нивното патување во Рим и Ватикан по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Прес-службата на бугарската Владата за тамошните медиуми потврдила дека средбата на двајцата премиери ќе се одржи на 23 мај по посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Бугарски „Дневник.бг“ наведува дека ова патување на премиерите ќе го одбележи спорот помеѓу двете држави и бугарското вето за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, како и дека според непотврдени информации, пред извесно време било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое би водело кон укинување на ветото.