Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за БТВ, го оцени како исклучително добар предлогот на француското претседателство со Европската унија, во кој, според него, се прифатени бугарските позиции.
Она што сега се случува во Северна Македонија, вели Петков, е поради тоа што ним им е многу тешко да ги прифатат тие позиции во моментов, но, како што вели, тие тоа треба да го направат ако сакаат да изберат европски пат.
„Во Северна Македонија треба да сфатат дека ако сакаат да се развиваат, европскиот пат е единствениот пат за таа држава. Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а Северна Македонија да остане надвор од него“, рече Петков.
Тој ја пофали и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и членовите на неговиот надворешно-политички тим за работата по ова прашање.
Коментирајќи го неуспехот за формирање нова влада вели дека во Бугарија темата Северна Македонија се користи како магла за одвлекување внимание. Според Петков, со темата Северна Македoнија се одвлекувало вниманието додека некој се обидувал да земе определени финансиски средства од Агенцијата за патишта и „Автомагистрали“ и да се потрошат огромни пари.