Вака бугарскиот премиер Кирил Петков го заврши своето обраќање во Собранието за време на дебатата за гласање недоверба на неговата влада
Би сакал да им се обратам на сите членови, особено на ИТН: Дојдовте со чисти идеали. Вие сте тие од кои зависат седум милиони Бугари. Ве повикувам да размислите за вашите избирачи. Ниту Трифонов, ниту Борисов, ниту Митрофанова ги нема. Вашата заклетва како пратеници ве води во вашата одлука утре.
Вака бугарскиот премиер Кирил Петков го заврши своето обраќање во собранието за време на дебатата за гласање недоверба на неговата влада.
Петков во својот говорот најголем дел посвети економијата, за што го обвинува опозицијата и на што се темели барањето на ГЕРБ за гласањето недоверба на владата.
Петков рече дека, за разлика од опозицијата која тврди дека во земјата има економски колапс, тој се повика на податоци Националниот статистички институту според кој во земјата има 4 отсто раст во првиот квартал од годината што, како што рече, е повисок од Германија.
Потоа тој говореше за зголемување на минималната плата, социјална помош за семејства, бесплатни градинки, зголемување на пензиите што, според него, е невидено покачување, што не се случило 13 години, зголемување на буџетот за образование, со што просечната наставничка плата ќе биде за 25% повеќе од републичкиот просек, нула проценти ДДВ за леб, намалување на парното…
„Долгот опаѓа. Бугарската банка за развој оствари добивка. Активираме поддршка за стартапи. Во областа на туризмот пријавуваме раст на бугарски и странски туристи, го поминавме петтиот бран на ковид без прекин на образовниот процес. Ова го постигнавме за време на војна, криза без преседан, ковид. Денешното гласање се заснова на нашите други резултати“,
рече Кирил Петков.
Тој реторички праша, дали можеби гласањето е поради реформите во правосудството или поради вистинската диверзификација на рускиот гас.
„Оваа власт нема да дозволи кражба. Би сакал да им се обратам на сите членови, особено на ИТН: Дојдовте со чисти идеали. Вие сте тие од кои зависат седум милиони Бугари, ве повикувам да размислите за вашите избирачи. Ниту Трифонов, ниту Борисов, ниту Митрофанова ги нема. Вашата заклетва како пратеници ве води во вашата одлука утре“,
заврши Петков.
Бугарското собрание денеска одржува вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе е расправата за гласање недоверба на владата на премиерот Кирил Петков.
Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата, како што јавува БГНЕС, може да дојде до промени.
ГЕРБ, која е подносителот на барањето за гласање недоверба, има 67 пратеници. Против владата се и ДПС, ИТН и Преродба или вкупно 125 гласа.
Владејачката коалиција има вкупно 115 гласа – Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шесте независни кои се одделија од ИТН.
Гласањето ќе биде утре (22 јуни), но доколку расправата продолжи до доцна, гласањето би можело да се одложи за в четврток. За да биде изгласана недоверба, потребни се гласовите на 121 пратеник.
Гласањето за недоверба на кабинетот на Кирил Петков го поднесе пратеничката група на ГЕРБ на 15 јуни, а како причина го наведе „неуспехот на владата во финансиската и економската политика“. Поддршка за гласањето изразија претставници на Има таков народ (ИТН), ДПА и Преродба.
Од совеста на шест луѓе зависи дали владата ќе добие поддршка. Да видиме што ќе се случи во гласањето, па има време да се реагира. Планирано е да се заврши без работа во сабота и недела, но ако треба ќе работиме дополнително, изјави министерот за финансии Асен Василев од Продолжуваме со промената на Кирил Петков во пресрет на почетокот на дебатата и гласањето за недоверба на владата.
Можно е формирање малцинска влада, изјави денеска министерката за економија Корнелија Нинова од БСП.
Пред почетокот на дебатата за гласање недоверба на владата, таа истакна дека статистиката ги побива сите измислени мотиви за гласање за економијата.