Детето, поради тежината на повредите на главата, со болничко возило било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските клиники „Мајка Тереза“

Петгодишно дете од Велес денеска се здобило со тешки повреди на главата откако било удрено од возило.
Настанот се случил околу 15:15 часот на улицата кај Младинскиот парк во Велес.
Од Службата за Итна помош, во изјава за МИА, велат дека откако на детето му била укажана прва помош, веднаш било пренесено во Ургентниот центар на велешката Општа болница.
Д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА вели дека на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи, како и рендген-снимања и томографија, и биле констатирани тешки повреди на главата.
Детето, поради тежината на повредите на главата, со болничко возило било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските клиники „Мајка Тереза“.