Според протоколот, тројца од пациентите ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и еден во старата градска болница „Свети Наум Охридски“. Петтиот пациент, на сопствено барање, лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“

Пет пациенти што беа повредени во пожарот во Кочани, а кои се лекуваа во Србија, денеска се враќаат во земјава, информираат од Министерството за здравство.
Според протоколот, тројца од пациентите ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и еден во старата градска болница „Свети Наум Охридски“. Петтиот пациент, на сопствено барање, велат од Здравство, лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“.
За утре, како што велат од министерството, најавено е враќање на уште еден пациент од Белгија, кој ќе биде сместен за опсервација на Клиниката за пластична хирургија.
На лекување во странство во моментов остануваат 33 од пациентите повредени во пожарот во Кочани.
Во земјава во моментот се лекуваат вкупно тројца пациенти, од кои во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ еден пациент, а во приватната болница „Систина“ двајца пациенти.
Од Министерството за здравство велат дека континуирано се следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.