Песков рече дека „Тајм“ користи свои критериуми со кои Кремљ може да се согласи или не, но дека тоа е нивна уредувачка политика, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС
Одлуката на американскиот магазин „Тајм“ да го избере украинскиот претседател Володимир Зеленски за личност на 2022 година се вклопува во севкупните европски русофобични чувства, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека „Тајм“ користи свои критериуми со кои Кремљ може да се согласи или не, но дека тоа е нивна уредувачка политика, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
„Меѓутоа, во овој случај, уредничките насоки на списанието остануваат во границите на паневропскиот мејнстрим, кој е целосно кратковиден и жестоко антируски“,
им рече Песков на новинарите.
Американскиот магазин „Тајм“ ги прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски и „духот на Украина“ за личност на 2022 година.
Од 1927 година, „Тсјм“ ја избира личноста на годината. Минатата година титулата личност на годината ја понесе милијардерот Илон Маск.
Оваа титула првпат беше доделена во 1927 година на американскиот пилот Чарлс Линдберг, кој го направи првиот соло лет преку Атлантикот.