Според него, комунални редари и сега се предвидени во Законот за комунални дејности, но кога ќе се предвидат и во Законот за локална самоуправа, тоа ќе биде облигаторна работа која мора да ја извршуваат градоначалниците
Главната иницијација на новото законско решение, кое треба да го модернизира актуелниот Законот за локална самоуправа, е отповикување градоначалник, со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во работењето на локалните самоуправи. Втората важна алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор, кој треба да превенира девијантни појави кога одредени група граѓани несоодветно постапуваа со урбаната опрема. Ова денеска го изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински на консултативен настан во Битола, на кој учествуваат градоначалници од Пелагонискиот и од Југозападниот Регион, а на кој се разгледуваат новите што треба да ги содржи новиот Закон за локална самоуправа.
„Комуналните редари се предвидуваат со новите измени на Законот за локална самоуправа ќе бидат облигаторна работа за општините и ќе немаат можност за избор од типот, сакаме или не сакаме да ги интензивираме комуналните надзори“
рече тој.
Според него, комунални редари и сега се предвидени во Законот за комунални дејности, но кога ќе се предвидат и во Законот за локална самоуправа, тоа ќе биде облигаторна работа која мора да ја извршуваат градоначалниците.
Со тоа, ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа, но ќе се доуреди со Законот за комунални дејности бидејќи, како што рече Перински, таму е опишана целата материја.
„Станува збор за системски Закон за кој се потребни две-третини и секако Бадентер за неговото донесување“,
вели министерот.
Смета дека со отворен процес ќе можеме да ги подобриме и зголемиме квалитетот на услугите што се испорачуваат од локалните самоуправи, а со тоа да се подигне нивото на секојдневно функционирање на самите локални самоуправи.
„Убеден сум дека со ова системско решение ќе го подобриме и ќе ги подобриме условите во кои функционираат локалните самоуправи“,
рече тој.
За потребата од измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа, стручни мислења дадоа и експертите Мемет Мемети, Гордан Ѓоргиев и Александар Спасеновски.