Сојузот на здруженија на пензионери упатува апел, при вакцинирањето против ковид-19, приоритет да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет.
„Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата земја апелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет“,
се вели во денешното соопштение од Сојузот.
Пензионерите, потенцираат од Сојузот, се најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.