Пенов соопшти дека Конгресот на партијата ќе се одржи за десетина дена и на него се очекува да се избере нов партиски лидер, откако доскорешниот претседател и министер за локална самоуправа реши да се повлече од двете функции
Во однос на уставните измени, тој вели дека е оптимист и дека ќе се најде решение, во спротивно „ќе прескокнеме шанса“ и потоа ќе добиеме потешки услови
Актуелната пратеничка од редовите на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова е единствен кандидат за претседател на партијата, соопшти новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов од редовите на ЛДП во своето гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Пенов соопшти дека Конгресот на партијата ќе се одржи за десетина дена и на него се очекува да се избере нов партиски лидер, откако доскорешниот претседател и министер за локална самоуправа, Горан Милевски реши да се повлече од двете функции.
Новиот министер за локална самоуправа и член на ЛДП рече дека тој нема да се кандидира.
„Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата“, рече Пенов .
рече Пенов .
За претседателот на партијата во заминување , Горан Милевски, Пенов посочи дека бил против францускиот предлог, но, оти неговиот став не поминал кај органите на партијата, која е коалциски партнер на СДСМ.
„Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органите. Пратениците гласаат „за“, се определија за Европа, за чекор понатаму“,
истакна министерот за локална самоуправа.
Прашан околу информациите дека за Милевски се подготвува амбасадорско место, Пенов рече дека доскорешениот претседател на ЛДП и министер е предложен за ваква функција и е „во некоја постапка“.
Во однос на уставните измени, тој вели дека е оптимист и дека ќе се најде решение, во спротивно „ќе прескокнеме шанса“ и потоа ќе добиеме потешки услови.
„Јас сум оптимист дека ќе се најде решение дека се друго води во бесизлез. Македонија не е капицитетна држава, не е стратешки важна како што ние замислуваме, сите коридори не одминаа и автопатишта и железници и гасоводи ништо не помина низ Македонија, а ние мислевме толку сме важни, но, не е така. Ние мора да поработиме“,
рече Пенов.
За неговата средба со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска , тој рече дека е природно првата негова активност како министер за локална самоуправа да биде со раководителката на најголемата заедница на локалната самоуправа, која воедно е и претседател на ЗЕЛС.
Пенов рече дека на средбата бил со цел да ги слушне проблемите со кои се соочува Град Скопје за да се види што може да се стори тие да се решат и да се подобри состојбата во Градот.
Министерот за локална самоуправа состанокот го опиша како позитивен и се согласи дека „пожарите“ што се случуваат во Град Скопје имаат политичка позадина.
На 28 октовмри со 63 гласа „за“ и 30 „против“ пратениците во Собранието го избраа поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, за нов министер за локална самоуправа.
Дискусијата за предлогот Пенов да биде нов министер траеше три дена. На претставувањето на предлогот пред пратениците, премиерот Димитар Ковачевски рече дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратегиските политики и на локално и на централно ниво.
Доаѓањето на Пенов на министерската функција е негово враќање на политичката сцена по повеќе од 10 години. Тој е роден на 28 септември 1957 година во Велес, а првата висока функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје. На функцијата тој се задржа во два мандата (1996-2000 и 2000-2004), а потоа беше и пратеник, исто така во два мандата. Од партиски функции, пак, беше секретар на Демократската партија до нејзиното спојување со Либералната партија во 1997 г., а потоа беше и потпретседател и претседател на Либерално-демократската партија во периодот од 1999 до 2007 година.